ПУТИН ГИ ПОКАЖА МУСКУЛИТЕ | Руски воен брод со “незапирливи” хиперсонични ракети плови кон САД

167

Руската фрегата „Адмирал Горшков“ е вооружена со ракети Циркон кои можат да достигнат брзина од 10.700 километри на час, девет пати поголема од брзината на звукот, а можат да носат и нуклеарно оружје.

Руски воен брод вооружен со т.н „незапирливи“ хиперсонични ракети плови кон американскиот брег со, пишува The Sun, повикувајќи се на извештаите на НАТО од теренот.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ со наведувани ракети е внимателно надгледувана од морнарицата на НАТО. Рускиот воен брод е вооружен со ракети Циркон кои можат да достигнат брзина од 10.700 километри на час, девет пати поголема од брзината на звукот и можат да носат нуклеарно оружје.

Фрегатата ги носи и ракетите Калибр кои Русија ги користеше во својата агресија против Украина.

Бродот извршил неочекуван маневар во близина на Азорските Острови

Според непотврден извештај од рускиот канал Телеграм, бродот бил забележан на радарот во меѓународните води на Атлантскиот Океан, но на оддалеченост од дострелот на американскиот брег. Руското Министерство за одбрана се уште не ја коментира оваа информација, која беше објавена откако британската кралска морнарица пресретнала руска фрегата во Ла Манш на почетокот на овој месец.

Потоа рускиот брод го следела португалската морнарица, а се очекува да плови околу Африка. Меѓутоа, радарската контрола забележала дека фрегатата „Адмирал Горшков“ извршила неочекуван маневар. Според еден извештај, таа се одвоила од нејзиниот придружнички брод за гориво, Кама, во Бискејскиот залив и се упатила кон запад, додека Кама продолжила на југ, поминувајќи ги Азорските Острови.

Путин: Ниту една земја нема такво нешто

Заминувањето на оваа фрегата од арктичката поморска база Североморск на 4 јануари беше поздравено од рускиот претседател Владимир Путин како „важен, ако не и исклучително значаен настан“. Тој јасно стави до знаење дека мисијата на оваа фрегата е да му покаже сила на Западот. Тој, исто така, се пофали дека НАТО не може да се мери со последната генерација на хиперсонична огнена моќ на Русија.

„Ниту една земја нема ништо слично на Циркон. Сигурен сум дека таквото моќно оружје ќе овозможи сигурна заштита на Русија од потенцијални надворешни закани и ќе помогне да се обезбедат националните интереси на нашата земја“, рече тогаш Путин.

„Ќе ги видат проектилите само кога ќе ја погодат целта“

Москва и претходно се пофали дека оваа фрегата е „најопасниот непријател на воените бродови во светските океани“. Минатата година ракетата Циркон беше пробно истрелана од „Адмирал Горшков“ во Баренцовото море и погоди цел оддалечена 1.000 километри во Белото Море.

Капетанот на фрегатата Игор Крохмал тогаш рече: „Никој нема да го види лансирањето на ракетата и неговиот лет“. Ќе ја видат само кога ќе ја погоди целта“.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ во оваа мисија требаше да заплови до Индискиот Океан, а следниот месец се очекува да учествува на заеднички воени вежби со кинеската и јужноафриканската морнарица во близина на пристаништата Durban и Richards Bay во јужноафриканските води.