Психологијата зад купувањето тоалетна хартија, од сите нешта, е најновата коронавирусна паника

782

Во моментот кога епидемијата на новиот коронавирус започна да се шири, прво се појави недостаток на маски за лице. Потоа истиот тренд ги погоди и средствата за дезинфекција на раце, а сега луѓето ширум светот панично купуваат тоалет хартија, пишува „Меркјури њуз“.

Тоа доведе до тоа произведувачите во Соединетите Американски Држави и Канада да започнат со ограничува на бројот на пакувања кои купувачите можат да го купат во едно доаѓање во маркетите. Во некои супермаркети во Британија сите пакувања со тоалетна-хартија се распродадени, додека еден австралиски печатен медиум објви дополнителни осум празни страници во своето последно издание, наведувајќи иронично дека луѓето со нив можат да се послужат доколку се соочат со недостаток на тоалетна хартија.

Но, зошто се се случува тоа? Тоалетната хартија не нуди посебна заштита против вирусот. Не се смета за нужна залиха како лебот и млекото, а луѓето го бараат повеќе отколку што може да се добави. За тоа може да има повеќе причини, констатираат од „Меркјури њуз“.

ПРИЧИНА 1

Луѓето се вртат кон екстреми кога слушаат конфликтни пораки

Стивен Тејлор, психолог и автор, вели дека тоа од една страна е разбиливо, но од друга страна е претерано.

– Можеме да се подготвиме без паника. Новиот вирус ги плаши луѓето бидејќи е нов и многу работи се непознати. Кога луѓето слушаат конфликтни пораки за ризиците кои вирусот ги претставува и како треба да се подготват, тие имаат тенденција да се свртат кон екстремите – вели тој.

Додава: „кога ќе слушнат дека доаѓа нешто опасно, но дека само треба да ги мијат рацете, потоа акцијата не делува пропорционално на заканата. Посебна опасност бара посебни мерки за претпазливост – додава тој.

ПРИЧИНА 2

Некои реагираат на недостаток на јасна насока од службените лица

Неколку земји веќе наметнаа масовни карантини. Луѓето кои купуваат тоалетна хартија и други материјали за домаќинство може да се подготват за иста работа во нивниот град, рече Барух Фишхоф, психолог и професор на Катедрата за инженерство и јавна политика и Институтот за политика и стратегија на универзитетот Карнеги Мелон.

„Освен ако луѓето не виделе … официјалните ветувања дека сите ќе бидат згрижени, останува да се погоди за веројатноста дека ќе треба дополнителна тоалетна хартија, порано отколку подоцна“, рече тој за Си-Ен-Ен. „Фактот дека нема официјални ветувања може да ги зголеми овие веројатности“.

ПРИЧИНА 3

Панични одлуки

Фотографии од празни полици и колички полни пакети тоалетни хартии ги наполнија медиумските извештаи и социјалните мрежи. Луѓето можат да забележат испаничени купувачи, а претпоставајќи дека постои причина за паника и самите тие започнуваат да прават сопствени залихи.

– Со оглед дека луѓето се социјални суштества, гледаме едни од други за да можеме да видиме што е безбедно, а што е опасно. Така, кога ќе видите некој во продавница дека панично купува, тоа создава ефект на зараза со страв – вели Тејлор.
Прочитајте и… 90 лица тестирани за коронавирус во Косово, резултатите наскоро

Сите фотографии од празни полици можат да ги наведат луѓето да веруваат дека мораат да побрзаат за да набават тоалетна хартија додека се уште можат, истакнува Тејлор и додава дека социјалните мрежи имаат важна улога во тоа бидејќи дезинформациите лесно се шират.

ПРИЧИНА 4

Природно е претераното подготвување

Можеби во создавањето на прекумерни залихи има некоја практичност, укажува Френк Фарли, професор на универзитетот Темпл. Додека Центрите за превенција и контрола на болести и други меѓународни здравствени агенции им советуваат на одредени делови на популацијата да останат во своите домови и да избегнуваат контакти си други луѓе, природно е сите да сакаат да се подготват за тоа.

– Новиот вирус предизвикува некоја врста на психологија на опстанок, кога мораме да живееме што е можно повеќе во своите домови и со тоа да направиме залихи од неопходни работи, а тоа секако ја вклучува и тоалетната хартија. На крајот на краиштата, ако изсчезне, со што ќе го замениме? – се запрашува Фарли.

Парите како и да е ќе се потрошат за тоалетна хартија, до набавка ќе дојде порано или подоцна, а единствена грижа се долгите редици и потешкотијата да се пронајде во продавниците. Со оглед на тоа дека до употребата на тоалетната хартија ќе дојде кога-тогаш, работите се различни во однос кога се купува нешто што веројатно никогаш нема да се користи.

ПРИЧИНА 5

Чувство на контрола

Луѓето трупаат резерви мислејќи на самите себе и на своите семејства и на она што им е потребно за да се подготват, а не на здравствените работници, заболените или другите сограѓани на кои наскоро би можел да им притреба тоалетна хартија.

– Тоа е се поради овој бран на предвремена анкисозност. Луѓето стануваат анксиозни пред всушност да дојде до инфекцијата. Не ја гледаат поголемата слика, на пример кои се последиците од трупањето на резерви на тоалетна хартија – истакнува Тејлор.

Но, луѓето така се однесуваат и поради страв. Фишхоф наведува дека подготовките, па нека е во прашање и само тоалетна хартија, на луѓето им го враќа чувството на контрола врз ситуацијата која претходно им делува безнадежно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

The psychology behind why toilet paper, of all things, is the latest coronavirus panic buy