ЖЕНСКИ СВЕТ

Психологија на љубовта | Како да се сака и да се биде сакан

By kukuriku

June 18, 2019

Неколку кратки приказни на луѓе кои стапиле во брак без да чувствуваат љубов:

1. „Никогаш не го сакав мојот сопруг. Се венчав со него само затоа што ми е страв да не умрам сама.“

2. „Се плашам дека се омажив со мојот сопруг само поради неговата кариера.“

3. „Се омажив со мојот сопруг само затоа што не сакав да го повредам. Најмногу се каам затоа што никогаш нема да почувствувам вистинска љубов.“

4. „Стапив во брак од погрешни причини. Сакав бебе и никој друг не беше заинтересиран. Но, ги сфатив моите ветувања сериозно и со тек на време најдов љубов со мојот сопруг.“

5. „Се оженив со мојата сегашна сопруга само затоа што мислев дека тоа ќе ми помогне да добијам старателство над мојот син.“

6. „Пред 2 месеци се омажив поради пријателство и партнерство. Како што времето поминува, така се молам дека набрзо ќе доживеам страсно бакнување, див секс и пеперутки во стомакот. Дури и ако тоа не е со мојот сопруг.“

7. „Почнувам да сфаќам дека стапив во брак само затоа што верував дека не можам да направам ништо од себе.“

Продолжува на страна 2  

8. „Се омажив само за да му помогнам да добие зелена карта. Помеѓу нас никогаш немаше љубов и сега претерано многу се каам.“

9. „Се омажив со мојот сопруг само поради 10.000-те долари кои неговото семејство ми ги даде за тој да стане државјанин на Америка.“

10. „Се омажив со мојот сопруг само затоа што сакав моите деца да имаат подобар модел на однесување од нивните татковци.“

11. „Се венчав со мојот сопруг само затоа што останав бремена.“

12. „Посакувам да можев да му кажам на мојот сопруг дека сум лезбејка. Се омажив со него само за да ја скријам оваа тајна од моите родители.“

13. „Се омажив со мојот сопруг затоа што мајка ми и мајка му се најдобри пријателки од детството и не сакав да им го уништам тоа. Него не можам да го поднесам.“

14. „Стапив во брак со мојот сопруг само затоа што мажот што го сакав 5 години не сакаше да биде со мене.“

Продолжува на страна 3

15. „Се венчав за да избегам од малиот град и тешкиот живот. Сега посакувам да се омажев за љубов, бидејќи имам пари, но не сум среќна.

16. „Се омажив со мојот сопруг поради здравственото осигурување и сите го знаат тоа.“

17. „Се оженив со мојата сопруга бидејќи ми се смачи од досадата и осаменоста. 5 години подоцна, сè уште сум осамен и ми е здодевно.“

18. „Се омажив со мојот наскоро бивш сопруг само затоа што мајка ми го мразеше, а јас сакав да одам до екстреми за да ѝ пркосам.“

19. „Се венчав поради пари и сигурност. Не го сакам како што би требало и се чувствувам ужасно за тоа.“

20. „Се омажив за мојот сопруг само затоа што тој многу наликуваше на моето бившо момче кое почина.“