ЖИВОТ

Прва земја на ЕУ што тестира патнички сертификати | Намерно не се именувани „пасоши за вакцинација“

By kukuriku

April 21, 2021

Франција стана првата земја-членка на ЕУ која започна со тестирање на патниот дигитален антиковид сертификат како дел од шемата ширум Европа за која Брисел се надева дека ќе им овозможи на луѓето летово да патуваат слободно по земјите на европскиот блок.

Апликацијата TuAntiKovid, дел од државната програма за пребарување контакти, е надградена за складирање на негативни резултати од тестот на ковид-19 на мобилните телефони на патниците и од оваа недела ќе се тестираат на летовите до Корзика и прекуокеанските оддели, објави “Гардијан”.

Тестирањето ќе биде продолжено од 29 април така што ги опфаќа и потврдите за вакцинација, изјавија официјалните лица на “Монд”, а системот на крајот би можел да биде усвоен за јавни настани како што се концерти, фестивали и саеми, но не и за барови и ресторани.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела изјави дека очекува дигиталниот зелен сертификат на Европската унија да профункционира до 21 јуни.

Сертификатот е итен приоритет за земјите-членки во јужна Европа чии економии се уништени од пандемијата.

Шемата намерно не беше наречена „пасоши за вакцини“ со цел да се избегне дискриминација на луѓето кои сè уште не ја примиле вакцината.