Простатата е мала жлезда со облик на орев. Taa е дел од репродуктивниот систем на мажите.
Се наоѓа под мочниот меур и во непосредна близина на аналниот отвор. Нејзините малигни заболувања се помеѓу најчестите кај мажите.
Според статистиките од Австралија, еден од седум мажи ќе развие рак на простата до 75 годишна возраст, а еден од пет мажи ќе развие до 85 годишна возраст. Доста поретко, но ракот на простата се јавува и кај мажите под 50 години.
Нормално е простата да се зголемува со процесот на стареење, а еден од главните симптоми е зачестеното уринирање и различни други проблеми поврзани со уринирањето. Сепак, ваквото зголемување е бенигно и не значи рак.
За жал, ракот на простата во својата рана фаза (кога постои можност да се излечи), ретко покажува симптоми, а особено ретко некакви изразити симптоми.
Тоа е така заради тоа што малигното ткиво сè уште не е доволно големо да создаде проблеми, на пример да врши притисок врз мочниот меур, што би создало некакви симптоми.
Симптомите се јавуваат кога ракот е веќе проширен и надвор од простата. Затоа се важни превентабилните прегледи, тестови и свесноста за ризиците.
ПРОСТАТА – што треба да знаете за ПСА тестот?