Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2022 година, изнесува 33 104 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, изнесува 113.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.3 %) и Преработувачка индустрија (17.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.7 %), Други услужни дејности (3.9 %) и Дејности во врска со недвижен имот (3.2 %).



















