Просечен стан во Менхетен вреди речиси 2 милиони долари

2219

Просечната цена на стан во Менхетен достигна рекордни 1,95 милиони долари во последниот квартал на 2015 година.

Пазарот за недвижности во Њујорк се зголеми за 9% во споредба со истиот период во 2014 година.

Одржливите цени покажуваат дека имотот во Менхетен е финансиска тврдина за богатите во светот кои бараат безбедност од ранливите финансиски пазари, соопштува американскиот канал СиЕнБиСи.

Пазарот во најскапиот од петте реона на Њујорк се дели условно на два дела. Првиот се луксузните станови, најмногу во нови згради, кои се купуваат најмногу од странци. Нивната просечна цена отскокнува со 25% во 2015 година и достигнува 2,66 милиони долари или 1959 долари за квадратен метар. За нова градба цените достигнуваат 3,29 милиони во просек за стан и 2210 долари по квадратен метар.

Другиот дел е поделениот имот во постари згради кој речиси целосно е во американско поседување. Таму становите се на просечна цена 1,28 милиони или 936 долари за квадратен метар. Во моментов во Менхетен продолжува да има повеќе купувачи отколку достапен имот, коментираат од СиЕнБиСи.