ЗАНИМЛИВОСТИ

Пронајдена “Спасител на светот” на Леонардо да Винчи

By kukuriku

January 29, 2021

Италијанската полиција пронајде слика од 16 век, примерок од автентична копија на „Salvator Mundi” на Леонардо да Винчи, на која е претставен портрет на Исус Христос, украден минатата година во Неапол од заклучена црква чии свештеници не ни забележале дека недостасува.

Полицијата во Неапол ја пронајде сликата скриена при претрес на еден стан за време на друга истрага. Полицијата соопшти дека сопственикот на станот бил уапсен затоа што тој дал „нималку убедливо“ објаснување кога изјавил дека „ја купил сликата на пазар“.

Таа слика е една од познатите копии на делото на Леонардо „Salvator Mundi” (Спасител на светот), која се продаде за рекордни 450 милиони долари на аукцијата „Cristy“ во 2017 година.

Купувачот бил од саудиското кралско семејство кој наводно го купил за филијала на музејот Лувр во Абу Даби. Сликата требаше да биде изложена таму една година подоцна, но изложбата беше одложена и од аукцијата не е видена повторно во јавноста.