КУЛТУРА

Промоција на “KAO TI I JA/ КАКО ТИ И ЈАС/ LIKE YOU AND ME” од Тони Манџуковски-Манџук

By kukuriku

July 06, 2020

“…KAO TI I JA… / …КАКО ТИ И ЈАС… / …LIKE YOU AND ME…” …љубовно патеписна поема – импресија од младоста на Никола Тесла…

АВТОР: ТОНИ МАНЏУКОВСКИ – МАНЏУК РЕЦЕЗЕНТИ: ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ И ТОМИСЛАВ ШУМИНОСКИ АКТЕРСКА ЕКИПА: САШКО КОЦЕВ и РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА – (видео проекции) ЛОКАЦИЈА: ONLINE од ТЕСЛА БАР, ул.Никола Тесла бр.9 Скопје

Во рамки на фестивалот Скопско лето 2020, online на фб страната на Skopsko Leto Љубовно – патеписна поема импресија од младоста нa Никола Тесла …шеста книга на авторот која е љубовно патеписна поема – импресија од младоста на Никола Тесла, напишана на хрватски , препеана на македонски и англиски јазик, составена од 9 дела, 6 града и 3 лика (јас, ти и како јас и ти) низ која преку призмата на младоста на Никола Тесла се обработува повеќеслојна тематика навидум преставена преку патеписна прошетка низ шест града која дава осврт и на духовната страна на Никола Тесла, но и на состојбите во нашиов регион (Загреб, Белград, Скопје) и влијанијата на дел од европските центри на моќ (Милано, Истанбул, Виена и Будимпешта) како и вечната инспирација за творење изразени преку енергија, вибрација и резонанца или преку сочуствување, убавина и љубов…

М-р ТОНИ МАНЏУКОВСКИ МАНЏУК, дипл. ел.инж, ИТ

Лето господово 1972, во хороскопски знак девица, подзнак шкорпија, роден е во Скопје. По професија е ИТ систем инженер. Магистер по електротехнички науки. Писател, сценарист, продуцент и организатор.

Работи како систем инженер во ФЛАОП, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје. Работел како ИТ советник во “Радио Буба Мара”, “Машински факултет”, “Сеавус”, “ЕуроМак Брокер” и “Секретаријат за европски прашања”. Бил уредник водител во “Младинското радио Клуб 100” и “Студентско радио”. Бил главен и одговорен уредник на студентскиот магазин “Елфаско” и војнички весник “Врскар”.

Бил управител на неделникот “Форум” и на фирмата “ТриОкоТри”. Од самиот почеток е член на организациониот штаб на “Златна Буба мара на популарноста” манифестација од музичко забавен карактер.

Досега објавил 5 книги:

Автор, сценарист, продуцент и режисер на 4 перформанси:

Бил продукциски менаџер на документарен филм во германско – македонска копродукција “Macedonia, my love” 2009 год. Учесник во организација на манифестација “Крушево Етно Град”. Член на FEIT Alumni, IEEE, Паневропа, Лајонс Клуб Вардар. Главен менаџер на македонскиот огранок на “Nikola Tesla Network”

Неговата адреса во сајбер светот е mandzuk@gmail.com