ЗДРАВА ХРАНА

Пролетен зеленчук кој треба да биде дел од вашата исхрана

By kukuriku

April 02, 2020

Покрај убавото време, пролетта нè радува и со разноврсната здрава храна којашто можеме да почнеме да ја консумираме. Зелената салата, младото кромидче и ротквичката се одлична комбинација за салата во почетокот на пролетната сезона.

Покрај тоа што се одлично освежување, овие три врсти на зеленчук се најдобар пријател на здравјето.

Зелена салата

Кинезите сметаат дека зелената салата носи среќа и затоа ја припремаат за специјални прилики. Грците и римјаните, зелената салата ја јаделе како главна намирница, но и како лек против несоница. Овој зеленчук е идеален за:

Младо кромидче

Младото кромидче е природен лек кој го регулира дигестивниот систем и помага против респираторни инфекции.

Ротквичка

Дали знаевте дека ротквичката е многу корисна за луѓето болни од жолтица? Таа помага да се отстрани вишокот на билирубин во крвта и го регулира неговото производство. Луѓето кои редовно консумираат ротквичка, позитивно влијаат врз циркулацијата на крвотокот, главоболката, мачнината и регулирање на црниот дроб и жолчката.

Кога ја правите оваа салата доволно е да додадете само малку сол, маслиново масло и лимонов сок. Можете да додадете и различни семиња, за подобар вкус. На пример, сусам, сончоглед или семе од тивка, одлично би одговарале со овие видови на зеленчук. Можете да ги консумирате и одделно или со други јадења. Младото кромидче можете да го послужите со јајца, ротквицата е одлична за мезе, а зелената салата одговара на секоја врста на месо.