Пролетен фенг-шуи за нова енергија во домот

1170

Пролетта веќе е почната, но вие никако да се ослободите од зимската мрачна енергија? Потребно е да внесете само минимални промени во својот дом и со тоа да ја пуштите енергијата на ова прекрасно годишно време да го направи своето.

Започнете со овие три чекори

Повеќе време во природа

Исклучете ги телевизорот и компјутерот, а мобилниот телефон ставете го во чанта и излезете. Не го поврзувајте на интернет. Прошетајте се во природа и размислувајте како сакате да изгледа вашиот дом. Земете сувенир од природата. Тоа може да биде најобичен камен или гранче од дрво.

Негувајте го цвеќето

Без разлика дали имате двор или не, направете место во вашиот дом за некое цвеќе. Редовно грижете се за него и сфатете ја таа улога навистина сериозно.

Средете го плакарот

Однесете ги на хемиско перење сите капути и јакни, здиплете ги џемперите, а потоа проверете дали има парчиња облека кои не ги носите, а би можеле да ги подарите некому. Отворете ги прозорците додека го правите тоа и пуштете го пролетниот воздух во вашиот дом.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.