Конзумирајте свежо овошје и зеленчук, свежо цедени сокови и риба Ви советуваат експертите.
Храната што ја јадеме секој ден, влијае како на надворешниот изглед, така и на нашата самодоверба. Треба да сме свесни дека многу од конзервансите нанесуваат непоправлива штета на нашето здравје.
1. Транс мастите
Најголемо количество незаситени масти има во помфритот, пуканките, колачите, чипсовите, колачите, маргаринот и др. Нивното јадење води до дебелеење и кардиоваскуларни болести. Според научници стареењето е хронична инфламаторна состојба, па затоа луѓето кои претеруваат со овој тип храна, изгледаат постари.
2. Газираните безалкохолни пијалаци
Избегнувајте ги оние што има засладувачи и конзерванси. Прекумерната употреба може да доведе до хепатитис и до срцева слабост, како и до појава на кариес. Според научниците претерувањето со овие пијалаци води до стареење на кожата. Експертите советуваат да се заменуваат слатките производи со црна чоколада, во која има висока содржина на какао, а шеќерот – со мед. Не се откажувајте од плодовите, ако ви си пријаде нешто благо земете овошје..
3. Употребата на сол
Ако мислите дека несолената храна е лоша, многу се лажете. Наместо сол, ставете други зачини, додадете и сок од лимон, така ќе го спречите стареењето.
4. Направете ревизија на месото
Саламите, чајните колбаси и шунките содржат многу конзерванси, кои создаваат проблеми со кожата и предизвикуваат многу воспалителни процеси во организмот. Прекумерната употреба го забавува производството на колаген во организмот, а кога тој е недоволен, кожата старее. Експертите советуваат да се јаде повеќе риба.
5. Алкохолот
Прекумерното консумирање на алхохол доведува до појава на акни, дерматитис и брчки.