ЗДРАВЈЕ

Продолженото вегетаријанството може да наштети на здравјето

By kukuriku

September 30, 2020

Безмесеснта исхрана може да се покаже дека не е толку здрава колку што сметаат некои експерти. Или барем тоа го покажуваат резултатите од едно американско истражување.

Вегетаријанството како начин на живот ужива поголема популарност во последните неколку години и често се фали поради придобивките за здравјето.

Истовремено потрошувачката на црвено месо беше оквалификувано од Светската здравствена организација како значаен фактор на ризик за рак.

Резултатите од истражувањето на експерти од универзитетот “Корнел” во САД покажуваат дека избегнувањето на месо може да не е толку здраво колку што сметаат експертите.

Авторите на оваа студија утврдиле дека продолжената вегетаријанска исхрана може да предизвика генетски мутации кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и рак.

За целта, стручњаците споредиле стотици геноми на Индијци кои се хранече главно со вететарианска храна со оние месојади жители на Тексас, САД.

Истражувачите утврдиле дека кај популацијата кои со генерации консумира главно вегетаријанска храна, се среќава генетска мутација, развиена најверојатно за да се олесни апсорпцијата на есенцијални масни киселини.

Предметната мутација сепак освен тоа го зголемува производството на арахидонска киселина, која се поврзува со воспалителни процеси, одлиа на појавата на кардиоваскуларни болести, и рак.

Експертите објаснуваат дека под влијание на мутирани гени масните киселини се трансформираат арахидонска киселина, кога се комбинираат со растителни масти.

Претходните студии од друга страна го поврзуваат вегетаријанството со намален ризик од дијабетес, мозочен удар и дебелината.