Matthew W. Chwastyk, and Soren Walljasper, NGM Staff. Eric Knight Sources: NASA/JPL; Green Marble

НАУКА

Признат е петтиот океан и официјално ќе биде обележан на мапите | Фото/Видео

By kukuriku

June 14, 2021

Сите знаеме дека во светот има 4 океани – Големиот Тихи – Пацифик, Атлантски, Индиски и Северниот леден Океан (Арктикот).

Сепак, благодарение на „National Geographic“ друштвото, наскоро на нашите мапи ќе се најде уште еден океан, Јужниот океан, што се однесува на водите околу Антарктикот.

Ова ќе биде прва ваква промена откако Здружението започна да црта мапи пред повеќе од 100 години. Ова само го потврдува она што многу научници и истражувачи неофицијално го признаваат со децении.

Традиционално, имаше 4 океани дефинирани со копно, но сметаме дека е важно да се додаде петти океански регион затоа што е многу уникатен и затоа што сакаме да привлечеме внимание на сите области на океанот, рече Алекс Таит, социјален географ на „National Geographic“.

Matthew W. Chwastyk and Greg Ugiansky, NG StaffSources: NASA/JPL; International Hydrographic Organization (IHO)

Патем, Друштвото произведува мапи, атласи и глобуси од 1915 година, но ова е првпат да нацрта нова мапа што ќе го смени постојниот поглед на океаните.

Јужниот океан се протега од брегот на Антарктикот до 60 степени јужна географска ширина, според податоците на Националната управа за океани и атмосфера (НОАА). „National Geographic“ вели дека тие ќе го користат и 60-от степен на јужна географска ширина за нивната северна граница, со исклучок на Дрејк Пасаж и Шкотско Море.

Истражувачот Енрик Сала за „Washington Post“ го опиша Јужниот океан како посебно тело со вода што се карактеризира со моќна кружна-поларна струја што тече кон исток „постојано брзајќи околу Антарктикот“.

Теснецот Gerlache лежи крај западниот брег на Антарктичкиот Полуостров, во големиот опсег на океанот околу Антарктикот, кој е рекласификуван како Јужен океан од картографите на National Geographic. Теснецот некогаш се сметал за дел од Пацификот.

Френк Ниче, морски геолог и геофизичар од опсерваторијата Ламонт-Доерти на Универзитетот Колумбија, рече дека, како научен истражувач кој работи околу Антарктикот, тој долго време го користел терминот Јужен океан.

Отсекогаш ми беше малку нејасно дали тоа е неговото официјално име, истакна тој, додавајќи дека објавата на друштво „National Geographic“ е значајна бидејќи тие претставуваат „стандард за мапирање за многу други атласи и мапи“.

Експертите се надеваат дека ова признание може да привлече поголемо внимание на регион кој често се заборава.

Антарктикот е толку далеку што луѓето обично не размислуваат за тоа. Тие не гледаат колку е важно за целиот наш опстанок, рече Касандра Брукс, асистент професор по студии по животна средина на Универзитетот во Колорадо.