ДИЕТИ

Пример на мени со “лоши” и “добри” калории

By kukuriku

March 09, 2019

Ако разликувате “добри” или “лоши” калории ќе разликувате и нутритивен квалитет на намирниците, кои ги внесувате во организмот, односно станува збор за оние кои ви даваат енергија и хранливи материи.

Калориите се важни кога се во прашање губење, одржување и зголемување на телесната маса, но тие не се единствениот елементи на кои мораме да се фокусираме, ако сèвкупно сакаме да го подобриме своето здравје.

Освен што мора да бидете свесни, вие треба да се фокусирате на видот на храната што ја јадете или не ја јадете. Можеби ќе се најдете во искушение наместо салата од киноја и чаша свеж сок од морков да изедете обилен сендвич со шунка и лименка газиран сок, сите со иста калорична вредност, но пстојат и последици, и тоа пред сè за вашето здравје.

Во ред е неколку дена да изедете нешто (или сè) од “лошото” мени, но за долгорочно здравје и оптимално ниво на енергија и продуктивност, подобро одлучете се за поздрава верзија.

Ако разликувате “добри” или “лоши” калории, ќе го разликувате и нутритивниот квалитет (хранливост) на намирницата која ја внесувате во организмот. Кога зборуваме за добрите калории, мислиме на храна со чија конзумација добиваме енергија, но, исто така, важни хранливи состојки. Меѓутоа, со внес на лоши калории, од друга страна, воглавно, добиваме енергија, но и внесот на хранливите материи е занемарлив. “Лошите” калории најчесто се наоѓаат во готовите (преработени) намирници, колачи, бисквити, разни печива и закуски.

Со иста калоријска вредност само “доброто” мени ќе му даде чувство на ситост на телото и ќе му обезбеди сè што му треба да остане силно и здраво – витамини, минерали, антиоксиданси, влакна и јаглехидрати кои споро се разградуваат, лесни протеини и здрави масти.

“Лошото” мени содржи многу заситени масти и шеќери, без овошје, многу малку растителни или целозрнасти, па не нуди многу витамини и растителни влакна. Тука има и многу јаглени хидрати, кои можат да бидат добар извор на енергија, но треба да се запомни дека белиот леб на пример брзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта и ослободува краткотрајна енергија, но на крајот тоа резултира со чувство на замор и инерција. “Поздраво” мени вклучува поголема количина на овошје и зеленчук (влакна, минерали и витамини), вредни протеини (сирење, пилешко) и здрави маснотии (маслиново), клучни за градење на мускулите и функцијата на мозокот.

Продолжува на страна 2

Valerianella

Пример на мени со “лоши” калории

Појадок: крофна со чоколадо, 1 парче (50 g)

Меѓуоброк: чипс, 1 чаша (30 g)

Ручек: Похувано свинско месо со пржени компири (160 гр. Свинско месо и 150 гр компир); салата од Valerianella (100 гр) зачинета со 3 лажички сончогледово масло, 1 сад

Меѓуоброк: кроасан полнет со чоколадо, 1 парче (75 g)

Вечера: пециво 50 гр. Намачкано со 2 лажички мајонез и 4 парчиња сувомесната салама (10 гр)

Вкупно: 1883 kcal – Јаглехидрати 37%, протеини 14%, масти 49%.

Пример за мени со “добри” калории

Појадок: Пециво (70 гр.) со домати (50 гр.) и кравјо сирење (30 гр.), зачинети со лажица маслиново масло

Меѓуоброк: исечена јаболка и портокал (100 гр.) со суво грозје (10 гр.) и лажица мед

Ручек: Valerianella (100 g) со пилешко (160 g) и зеленчук (домат, модар патлиџан – 100 g), 1 чинија

Меѓуоброк: компот од вошни

Вечера: тестенини (65 гр сурова) со тиквички (250 гр.), 1 чинија; 1 лажица рендан пармезан

Вкупно: 1874 kcal – Јаглехидрати 53%, протеини 17%, масти 30%