РЕЦЕПТИ

Превкусна крцкава пита со тиквички и млад кромид

By kukuriku

August 18, 2020

Бурекот, кој често го јадеме за појадок, понекогаш би можеле да го замените и со нешто малку поинакво. Јогуртот, нормално, се подразбира.

Потребно

Подготовка

Тиквицата изрендајте ја заедно со кората, доколку е свежа и навистина млада, и посолете ја. На масло запржете го кромидот, додадете ја на коцки исецканата шунка и исцедената тиквичка која отстоила барем 10 минути во сол и цедалка.

Тргнете ја смесата од шпорет, додадете павлака, јајце, бибер и се добро измешајте.

Раширете ја првата кора, премачкајте со тенок слој од преливот (не претерувајте за да не биде влажна), додадете ја одозгора другата кора и неа намачкајте ја со прелив.

Завиткајте ги краевите па завиткајте во ролна. Плехот обложете го со хартија за печење или со четка премачкајте го со масло.

Редете ги ролничките во плех се до трошење на материјалот. Премачкајте ги ролничките со масло и ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути се додека добро да заруменат.

Пресечете ја питата додека е топла и послужете ја со кисело млеко или јогурт.