SHOWBIZ

Преку онлајн петиција се бара Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија

By kukuriku

March 16, 2021

Деновиве како да не спласнува прашината околу годинашниот македонски претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

По бурните реакции за спотот на песната „Here I stand“, беше објавено дека спотот за песната ќе се менува.

Но, проблемите за Гарванлиев продолжија откако тој откри дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе вели дека е роден во Струмица, која како што вели се наоѓа од „другата страна на земјата“.

Откако веста за бугарскиот пасош предизвика нова лавина реакции, сега на социјалните мрежи се споделува петиција во која се бара Гарванлиев да не ја претставува Македонија на годинашното издание на Евровизија.

Во моментов кружат две петиции, а во првата има и барања:

Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.

1. Претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гавранлиев воопшто не ја претставува Македонија 2. Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија (што за секој неупатен би требало да значи дека Струмица и Бугарија се едно) 3. Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека Македонскиот Народ е создаден по 1944-та. 4. Во неговиот спот „случајно“ некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме.

БАРАМЕ: