ЉУБОВ И СЕКС

Прекратко сме на Земјата за зачмаен секс | Секс совети … од будистички монах

By kukuriku

January 24, 2019

Исполнителен секс не е можен без свесно водење љубов

Тибетскиот монах Gendun Chopel во далечната 1938 година напишал книга наречена “Книгата на страста: Тибетски водич за љубов и секс”. Тоа е збирка на кратки сензуални песни, но, воедно и експлицитен водич за водење љубов, пишува CNN.

Chopel станал свештеник во раните тинејџерски години, но од своите завети и целибатот, се откажал во почетокот на триесеттите години, па така книгата се одликува со изобилство на некој кој открива долго од забранетите радости на сексот за прв пат.

Пристап со фокус и страст

Но, сознанието на Chopel оди подалеку од поезијата. Книгата е поделена во глави под името “Делови на бакнувањето”, “Модели на задоволството”, “Различни методи на парењето” … Тој сексуалното задоволство го гледа како човеково право и ја нагласува важноста на согласноста и еднаквоста на жените.

Двојките кои сакаат да го интензивираат својот сексуален живот треба еден на друг, како и на сексуалниот однос, да пристапат со фокус и со страст. “Да се биде во моментот, неосудувачка свест, давање внимание и страст кон партнерот”, се сметаат за основни работи кои мора да бидат исполнети.

Поинтензивно искуство

Токму тоа им овозможува на партнерите да се чувствуваат поинтензивно. “Многу луѓе се одлучуваат за тактиката на фокусирање на точката на контактот помеѓу своето и телото на партнерот. Добро е да ги отворите очите и да си дозволите визуелни сензации”, наведува Lori A. Brotto, извршна директорка на Институтот за женско здравје во Британска Колумбија.

Многу е важно да се биде свесен за своето дишење и за сопствените мисли за кои не мора да се фатите во процесот на водење љубов. Сето тоа е вежбање. Ако сакате да ја укомпонирате таа “свесност” во својот сексуален живот, важно е истата прво да ја тренирате надвор од спалната соба, вели сексуалниот терапевт Sara Nasserzadeh.

Фокусирајте се на секое чувство

“Започнете со дишењето, “погледнете” внатре во себе и откријте што е убаво и што ви дава уживање. Фокусирајте се на секое чувство, она чувство кое ви го дава топлиот туш, пријатната прошетка, храната и слично. Сето тоа служи за “изострување” на вашите сетила и зајакнување на “мускулот на свеста”.

Користејќи ги тие техники, со помош на оваа книга со вашиот партнер, можете да одите подалеку отколку што мислите, поттикнувајќи ја страста и интензитетот на сексот. Исполнувањето на сексот не е можно без свесно водење љубов.