Прекинато истражување – експериментален лек за Ковид-19 не даде резултати

132

Американските власти соопштија дека еден експериментален лек за Ковид-19 не е ефикасен при третирањето на хоспитализирани пациенти со напредна фаза од инфекција со корона вирусот.

Националниот институт за алергии и заразни болести издаде соопштение во кое вели дека повеќе нема да се прифаќаат нови пациенти за да бидат дел од клиничкото испитување за експерименталниот лек наречен Бамланивимаб.

Лекот кој беше разбиен од американската компанија Eli Lilly и канадската биотехнолошка фирма AbCellera е од класата терапии наречени моноклонални антитела кои би требало да делуваат како имуни клетки на пациентот и да се борат со вирусот.

Слична терапија со антитела му беше дадена и на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој се инфицираше со Ковид-19.

Клиничкото испитување за Бамланивимаб беше паузирано на почетокот од месецов од страна на независните набљудувачи поради загриженост за безбедноста. Студијата која започна во август имаше за цел да опфати 10 илјади пациенти хоспитализирани во САД.

Eli Lilly веќе аплицираше во Администрацијата за храна и лекови за да добие итно одобрување на лекот за третирање на благи до умерени случаи на Ковид-19 врз основа на прелиминарните резултати од друго клиничко испитување.

VOA