ДОМАЌИНСТВО

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ | Како да исчистите пластична када?

By kukuriku

February 23, 2022

Најдобар начин за чистење на пластична када е со помош на природни средства за чистење. Научете како да исчистите пластична када.

Пластичните кади треба редовно да се чистат и одржуваат.

Како да исчистите пластична када?

Еден начин за чистење на пластична када е со помош на детергент за садови. Во два литра топла вода ставете една лажица детергент. Добро измешајте и измијте ја пластичната када со сунѓерче. Темелно исчистете ја пластичната када од нечистотија. На крајот, пластичната када исплакнете ја со топла вода.

Друг начин на кој можете да исчистите пластична када е со помош на сода бикарбона и вода. Направете паста од вода и сода бикарбона и со помош на сунѓер втријте ја пастата во пластичната када.

Кога добро ќе ја истриете пластичната када, исплакнете ја кадата со топла вода. Ако на пластичната када останат бели дамки, измијте ги со оцет. Ставете на сунѓерот оцет и избришете ја пластичната када. Добро исплакнете ја кадата со топла вода и исушете ја чистата када со крпа. Кога добро ќе ја исушите кадата, можете повторно да ја користите.