МИСЛИТЕЛИ

Позитивна мисла | Mark Twain

By kukuriku

December 28, 2021

„ЛОЈАЛНОСТ кон земјата СЕКОГАШ. ЛОЈАЛНОСТ кон владата, кога таа тоа го заслужува“.

Mark Twain

Samuel Clemens, попознат по псевдонимот Mark Twain, е роден на 30 ноември 1835 година во американската држава Мисури, а починал на 21 април 1910 година во Конектикат. Тој бил еден од претставниците на американскиот реализам и првиот голем писател од внатрешноста на земјата кој успеал да го забележи тој посебен, смешен жаргон и бунт. Стилот на пишувањето на Mark Twain се заснова на жив, реален и вообичаен американски говор.