Наполеон Бонапарта бил француски император и еден од најголемите воени лидери во светот, тој бил заслужен за преработка на картата на Европа и спровел многу државни и правни реформи, а постојаните битки во кои учествувал на крајот довеле до неговиот пад.
Покрај историските воени успеси, Наполеон Бонапарта остави зад себе и бројни мудри мисли и цитати што ги споделуваме со вас во оваа прилика.
1. Никогаш не го прекинувајте непријателот кога прави грешки.
2. Тој што не ризикува нема шанси да победи.
3. Простувајќи, човекот се издига над оние што го навредуваат.
4. За да го одржиме зборот, најдобро е никогаш да не го даваме.
5. Историјата е збир на лаги за кои луѓето се согласиле.
6. Вистински маж никогаш не мрази.
7. Будала има голема предност пред паметен човек: тој секогаш е задоволен од себе.
Продолжува на страна 2
8. Зборот „невозможно“ не постои во мојот речник.
9. Сликата вреди илјада зборови.
10. Војниците победуваат во битките – генералите добиваат признание за тоа.
11. Најдобар лек за телото е мирен ум.
12. Најдобар начин да останете сиромашни е да бидете искрена личност.
13. Десет луѓе кои зборуваат прават поголема бучава од десет илјади луѓе кои молчат.
14. Кој знае да ласка, знае да клевети.
15. Смртта е сон без соништа.