Повторно силен земјотрес на Крит (6,3) | Продолжува серијата удари која трае со недели

175

Нешто пред 11.30 часот денеска Грција повторно беше погодена од силен земјотрес.

Според првите информации од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, ударот бил 6,3 степени според Рихтеровата скала, 120 километри од градот Хераклион, на длабочина од 8,2 километри.

Продолжување на серијата удари

Таа област се тресе веќе некое време. Така, на 27 септември, за два часа беа регистрирани девет земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала, на околу 20 километри јужно од Хераклион.

Сведоци јавуваат дека потресот траел дури 20 секунди, а земјотресот бил почувствуван и во Египет и во Италија.

Нема информации за настаната штета.