Во последните 24 часа се регистрирани нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а воедно е зголеме и бројот на активни случаи, но и починати лица.
Повеќе од очигледно е дека Омикрон го пустоши Светот и дека малкумина ќе можат да го избегнат.
Кои лекови земате, кои е подобро да ги избегнувате, што да јадете и што да пиете доколку не го избегнете Ковид-19 прочитајте во текстот што следи.
Др. Robert G. Lahita, директор на Институтот за автоимуни болести Saint Joseph Helath, и Amande Parello, нутриционист што се грижи за преживеаните од тешката болест на КОВИД за MSN, ги советуваа луѓето што да преземат ако се заразат за полесно да ја надминат болеста.
Секако, бидејќи секој организам е уникатен, задолжително консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи дури и најбезопасната храна некому може да предизвика сериозни проблеми. На пример, инаку корисниот грејпфрут предизвикува контраиндикации со дури 40 лекови, вклучувајќи ги и оние за крвен притисок и апчиња за контрацепција.
1. Течност
Кај било која болест, течноста е важна за закрепнување, но ковидот тоа малку го комплицира…
Луѓето кои биле заразени со варијантата омикрон често страдаат од болки во грлото. Др. Robert G. Lahita потенцира како пациентите велат дека имаат игли во грлото, но вели дека е исклучително важно да се пијат течности, кои често ги избегнуваме кога имаме болки во грлото. Може да избегнувате цитрусни пијалоци и чаеви извесно време доколку ве боли грлото.
Покрај водата, важно е да се надополнат електролитите, истакнува Perriello, а можете да користите готови пијалоци или само да ставите малку сол, шеќер и лимон во водата. Ако не повраќате или имате дијареа, не ви треба електролитна течност. Чајот со мед ќе му годи на организмот, но може да ја смири и кашлицата.
Ќе помогнат и соковите бидејќи на организмот ќе му дадат хранливи материи. Со сето горенаведено, важно е да одмарате многу.
2. Лекови
Lahita советува да користите парацетамол за главоболки и треска бидејќи лековите како ибупрофен може да го иритираат желудникот и само да ги влошат работите. Никогаш не пијте алкохол со парацетамол бидејќи може да предизвика оштетување на црниот дроб.
3. Аспирин
Дури и ако немате ковид-19, Lahita советува дека е добро да се зема мали количини аспирин, бидејќи може да заштитат од ефектите на делта варијантата што сè уште циркулира.
Ги напаѓа белите дробови и може да предизвика емболија, што е честа причина за смрт кај луѓето со Ковид. Аспиринот ја разредува крвта за да спречи таков исход. Сепак, од истата причина, не земајте аспирин самостојно, туку задолжително консултирајте се со лекар.
4. Витамини Ц и Д
Експертите се согласуваат дека секој треба да зема витамин Ц во овој момент, а витаминот Д е исто така добар бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем.
5. Редовни оброци кои содржат важни хранливи материи
Можеби немате желба да јадете, но треба да јадете секогаш кога се опоравувате од било каква повреда или болест, се со цел да обезбедите калории, протеини и сложени јаглехидрати. На телото му требаат калории за полесно да се бори против инфекцијата, но не постои посебна листа на намирници кои се добри за инфекции.
Протеините, витамините, цинкот и железото можат да бидат главни играчи кога станува збор за зајакнување на имунитетот. Месо без маснотии, морска храна, житарки, овошје и зеленчук треба да бидат во вашата чинија. Иако вашиот апетит веројатно не е силен, треба да јадете и да одржувате рутина, а можете да јадете помали оброци кои содржат важни хранливи материи.
Едно смути полно со овошје и зеленчук со јогурт може да ви понуди многу калории доколку не сте гладни и ви е тешко да јадете, а можете да подготвите и пилешка супа.
6. Кога да се побара лекарска помош?
Ако симптомите ви се влошуваат и имате дијабетес или хронично заболување на белите дробови и не се чувствувате добро, веднаш посетете ја собата за итни случаи. Кратко, плиткото дишење значи веднаш да се јавите на лекар. Во болницата, лекарите ќе ви ги дадат сите лекови и нега што ви треба за да се подобри дишењето.
7. Како да се заштитите од вируси?
Зајакнете го имунолошкиот систем бидејќи ова е исклучително важен чекор во заштитата. Чувајте ја вашата дневна рутина фокусирана на здравјето, вежбајте редовно, јадете целосна храна и погрижете се да спиете доволно.
Мора да прифатиме дека е можно постојано да се појавуваат варијанти како сегашната и да доминираат посилни варијанти над послабите и затоа треба да се вакцинираме. Сепак, додека овој вирус не стане вообичаен како грипот, треба да се преземат одредени мерки за заштита.
Не допирајте ги очите, носот или лицето со рацете доколку не сте ги измиле. Покријте ги со маска. Често мијте ги рацете со сапун и вода или гел за дезинфекција. Површините што сте ги допреле со валкани раце исто така треба да се исчистат.