Засекогаш поврзани - Дејзи и Вајолет Хилтон

ЖИВОТ

Потресна животна приказна | Овие две сестри ги спојувало нешто многу поголемо од љубовта

By kukuriku

January 10, 2019

Секој кој има брат или сестра знае што значи блискост. Особено додека се деца ги споделуваат играчките, времето, а можеби собата. Подоцна во животот, колку и да се блиски, патиштата малку  се разделуваат. И тоа е нормално.

Сестрите Дејзи и Вајолет Хилтон родени во раните дваесетти години, немале такво искуство. Тие секогаш биле поврзани, низ сите фази на животот и во секој момент.

Дејзи и Вајолет родени се со споени колкови. Но, тие на тоа не гледале како пречка. Напротив. Од тоа направиле кариера. Нивната приказна инспирирала дури два мјузикла на Бродвеј.

Сестрите Хилтон се родени во Брајтон, Англија. Нивниот деформитет ја плашел нивната мајка, па одбивала да ги храни. Дејзи и Вајолет ги посвоила Мери Хилтон која работела во барот во сопственот на жената која ги родила. Мери тогаш почнала да им наплаќа на гостите од барот за да ги ѕирнат и видат двете поврзани девојчиња една со друга.

Популарноста на овие близначки толку се зголемила, што Мери организирала турнеја по Германија и Австралија. Девојките настапиле дури и со Боб Хоуп во 1926 година.

По смртта на Мери Хилтон, сестрите во следните неколку години, до 1931 година, станале речиси затвореници на нивните нови менаџери, Еди и Мејер Мејерс, ќерката на Мери и нејзиниот сопруг.

Во колку не сакале да се појават пред публиката јаделе ќотек, а кога пораснале за мачењето што го преживеале ги тужиле Маерс за 100.000 фунти. Откако се ослободиле од ропството, Дејзи и Вајолет го смениле својот имиџ и започнале свој самостоен шоу.

Продолжува на страна 2

Во меѓувреме, Вајолет се заљубува. Нејзиниот избраник е Мариус Л. Ламберт. Наскоро вљубениот пар посакал да се венча, но нивната дозвола за венчавка била одбиена. Дејзи на судот изјавила дека сака нејзината сестра да биде мажена и среќна, но судиите на 21 држава одлучиле дека е “неморално” да овозможат Вајолет да се омажи за мочето што го сака.

Потоа, сестрите престанале со своето шоу и се свртеле кон бурлеска. Но, како ни тоа не им одело, почнале со настапи по кина на отворено. Ни тука немале многу среќа, па одлучиле да се преселат во Северна Каролина каде што го поминуваат остатокот од својот живот како продавачки.

На менаџерот на продавница му се обратиле со следниве зборови: Можете да платите само една од нас!

Вајолет и Дејзи ветиле дека еден ден ќе умрат заедно. Така и било. Дејзи прва починала од тешка форма на грип, а два дена подоцна и Вајолет.

Side Show, мјузикл кој се базира на животната приказна на сестрите Хилтон, се прикажува во Кенеди Центар. Приказната за Дејзи и Вајолет продолжува да живее преку документарните филмови и ликови кои се осмислуваат према нив, како што се Бети и Дот Татлер од хит филмот American Horror Story: Freak Show.

Тие ќе живеат засекогаш низ светот кој и самите го сакаа, светот на филмот и глумата.