ПОСЛЕДНА ИНФОРМАЦИЈА | “Бегајте што подалеку од брегот, новата ерупција ќе биде помоќна!” Видео

398

Голема драма во југоисточна Азија, вулканот е сè понестабилен.

Индонезија денеска го крена нивото на готовност поради страв од нова ерупција на Anak Krakatau и нареди авионите да ја избегнуваат таа област, неколку дена откако ерупцијата предизвика цунами во кое загинаа најмалку 430 луѓе.

Уривањето на вулканскиот кратер во саботата предизвика високи бранови од 5 метри кои се разбиваа од брегот на Сундскиот теснец, помеѓу островите Јава и Суматра.

Властите предупредија дека кратерот на вулканот Anak Krakatau или Детето на Krakatau, се уште е нестабилен, со што се зголемува веројатноста за појава на уривање и цунами.

Се стравува од можност на поголема ерупција, така што жителите се предупредени да бидат подалеку од брегот.

Повремените бучави и тресењата на вулканот траат од јули менес, а вулканот особено е активен од неделата, исфрла лава и карпи со густ чад и до 3.000 метри во воздухот.

Националната геолошка агенција го зголеми нивото на подготвеност на второ најголемо и воспостави безбедна зона од 5 километри околу островот.

“Од 23 декември активностите не престанале … Очекуваме понатамошно зајакнување”, вели Антониус Ratdomopurbo, секретар на геолошката агенција.

“На високо ниво на подготвеност сме, сите летови се пренасочени поради пепелта исфрлена од вулканот Krakatau”, објави државната агенција за воздушен сообраќај.

Во 1883 година, вулканот познат како Кракатау еуптира во една од најголемите снимени ерупции во историјата – загинаа повеќе од 36.000 луѓе во серија од цунами, а се верува дека моќта на ерупцијата била 13.000 пати посилен од експлозија на атомска бомба.

Индонезија е огромен архипелаг кој лежи на пацифичкиот “огнен прстен”. Земјата оваа година доживеа најголем број на жртви од катастрофи во повеќе од една деценија.

Последниот катастрофален цунами во текот на божиќните празници предизвика сеќавање на цунамито во Индискиот Океан предизвикан од земјотресот на 26 декември 2004 година во загинаа 226.000 луѓе во 14 земји, од кои повеќе од 120.000 во Индонезија.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk