ЖИВОТ

Последен совет | На свoите најблиски им ја кажа формулата за среќен живот!

By kukuriku

November 18, 2018

Објавено June 15, 2016. Прочитано 44715

Annmarie James-Thomas мајка на четири деца, која водеше тешка битка со ракот, напиша 20 инструкции за среќен живот на своето семејство.

Нејзиниот сопруг ја опиша како жена со непобедлив дух, а за позитивниот став кон животот, ѝ покрај фактот што почина од рак на 44 години, најдобро ја илустрира пораката оставена до своите најблиски.

Сопругот Geraint со мајката на Annmarie James-Thomas, Pauline

*Сè што ќе направиш, ќе се врати, без исклучок

*Сам ја пишуваш својата судбина. Не дозволувај другите тоа да го прават наместо тебе

*Сè што ти сторил некој во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти ја дозволиш

*Кога луѓето ќе ти покажат кои се навистина, верувај на тој впечаток

*Грижата е губење на енергија. Подобро искористи ја да направиш нешто во врска со тоа што те прави нервозен

*Она во што веруваш, помоќно е од она што сонуваш и од она што сакаш. Секогаш ќе бидеш она во што веруваш

*Ако зборот “Ви благодарам” е единствената молитва, тогаш тоа е сосема доволно

*Среќата што ја чувствуваш е директно пропорционална на љубовта која ја даваш

*Својот неуспех воедно искористи го како повод да тргнеш во нов правец

*Ако направиш избор што е спротивен од оној што секој мисли дека е исправен, светот нема да се распадне поради тоа

*Верувај им на твоите инстинкти. Интуицијата никогаш не лаже

*Сакај се самиот и научи таа љубов да ја усмериш и кон други луѓе

*Во работата влези со страст

*Љубовта не боли. Напротив, чувството е прекрасно

*Секој ден е можност да се започне од нула

*Сомнежот е сигнал на твоето “не”. Ако се сомневаш, не брзај, размисли добро

*Кога не знаеш што да правиш, биди трпелив и почекај малку. Одговорот сам ќе дојде

*Лошото не трае вечно.  И ова ќе помине.  Биди секогаш доследен на себе си