ОД СКРИЕНИОТ ТЕФТЕР

Колку е празен животот на оние што живеат туѓи животи ?

By kukuriku

September 23, 2026

Има денови како овој, кога една единствена мисла не ми дава мир и ме спречува да се посветам на што било друго.

Тогаш, некаде од длабочината, се буди бес што ме следи во текот на целиот ден.

Се прашувам: колку треба да биде празен животот на човекот што не го забележува нередот пред сопствената врата, а постојано гледа што се случува зад туѓите?

Колку треба да биде тесен неговиот свет за да не се грижи за сопственото здравје, проблемите и животот, туку да се насладува со туѓата болка и несреќа?

Колку треба да му биде здодевно на некого за деновите да ги исполнува со озборување, осудување, навреди и поставување сопки на другите?

Се прашувам како би се чувствувале таквите луѓе кога нивните тајни, слабости и грешки еден ден би излегле пред јавноста. Дали и тогаш со иста леснотија би ги коментирале туѓите животи?

А можеби најтешко би им било сознанието дека, додека се занимавале со туѓите случувања и грижи, го запоставиле сопствениот живот. Дека деновите им минувале во набљудување на другите, наместо во создавање нешто свое.

Тие не го живеат својот живот.

Тие ги живеат туѓите животи.

Навистина тажно. И бескрајно бедно.