Ponerology – диктатура на психопати | Добитникот на Нобеловата награда за мир фрлил 26 171 бомби во 2016 година

98

Според новите бројки, САД фрлале речиси три бомби секој час, 24 часа на ден. Се осмелуваме ли да помислиме дека Доналд Трамп ќе продолжи со истото темпо?

Под команда на претседателот Барак Обама, американската војска во текот на 2016 фрлила над 26.000 бомби на земји како што се Сирија, Ирак, Авганистан, Либија, Јемен, Сомалија и Пакистан, уништувајќи ја инфраструктурата и цивилите. Барак Обама зад себе остави страшна која не личи на еден добитник на Нобелова награда за мир.

Според истражувањета на Council on Foreign Relations (Совет за надворешни односи – CFR), предводени од Micah Zenko, старешина менаџер на CFR и експертот за безбедност Jennifer Wilson и податоците објавени од Пентагон, откриено е дека САД минатата година фрлиле преку 26.000 бомби врз цели во северниот дел на Африка и Азија.

Америка истурила 26,171 бомба на земјите од Северна Африка и Азија.

Сирија е погодена со неверојатни 12.192 бомби.
Ирак со 12.095 бомби.
Авганистан со 1.337 бомби.
Либија со 496 бомби.
Јемен со 34 бомби.
Сомалија со 14 бомби.
Пакистан со 3 бомби.

Имајте на ум, според бројките кои исто така ги објави CFR, САД во текот на 2015 фрлиле 23.144 бомби на земји со мнозинско муслиманско население. Од тоа на Ирак и Сирија е фрлено 22.110 бомби, во Авганистан 947, врз Пакистан 11 бомби, Јемен 58, додека на Сомалија се фрлени 18 бомби.

Продолжува на страна 2