“Поминав повеќе од половина од мојот живот обрнувајќи внимание на мислења на погрешни луѓе. Сега кога наполнив 50 години ја сфатив вистинската вредност на животот. Сфатив дека сум премногу стара за овие осум работи кои ми пречеа цел мој живот.”
Престара сум да молчам
Јас не сакам повеќе да молчам кога некој ќе рече нешто што не ми одговара. Не сакам да клатам со гласуватаили да се согласам со секој глупав и само-доволенчовек. Не сакам да молчам за неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам на глас да извикам, бидејќи животот е премногу краток за да молчам за неправда.
Престара сум за да се грижам како изгледам на другите луѓе
Со години им завидувам на мажите, бидејќи тие не “мораат” секој дваесетиден да ја бојадисуваат косата за да ги покријат белите влакна. Мажите немораат секое утро да ставаат килограми пудра на лицето и не им е гајле што им се гледаат брчкитеод грижи и смеа.
Сега сум доволно стара за да знам дека сум најубава таквакаква Бог ме направи. Имам брчки, не им се знае бројот, бело ми е секое второ влакно, но дури сега сум задоволна со тоа каква сум.
Она прашање “што ќе кажат другите?” не ме допира еве веќе некое време и му благодарам на Бога за тоа, затоа што тие луѓе станаа толку небитни во мојот живот што за нивните префрлувања развив селективен слух.
Престара сумда имам ситни малечки гревови
Сега сум доволно стара да имам само – гревови! Сладолед еднаш неделно сега е преименуван во сладолед секој ден. Па така сега уживам во своите гревови кои не можам да ги класифицирам во мали бидејќи апетитот ми е зголемен.
Престара сумза неудобни чевли
Дури сега гледам дека ништо во животот не ме ограничува. А моето движење со години ми го ограничуваа високите потпетици. Не можев да се движам со темпото кое го сакав. Отсекогаш нешто ме стегало, нанесувало болка … Сега носам само удобно и тоа е тоа! Среќна сум кога ќенајдам две исти чорапи додека ги облекувам …
Престара сум за да се извинувам за нередот во куќата
Свињарник ми е во куќата, бидејќи имам попаметна работа отколку да чистам. Ете, затоа вака изгледа, а таа никогаш не била чиста “како аптека!”
Престара сум за натрупување ствари во куќата
Не собирам и не чувам повеќе ништо. Да не почнав на време да фрлам некои стари документи, кутии, гардероба, досега во куќата не ќе имаше место за мене. Спомени ги чувам исклучително во својата глава.
Престара сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат
Зошто да се трпат некои младинадежи кои ми ги корнат нервите. Далеку се од она вистинското. Имам доволно години да знам кој ми одговара, а кој не. Оној кој не ми одговараповеќе никогаш нема да ме види со очи.
Престара сум да наоѓам само добрина во секој човек
Зошто залудно трошење на време? Сите луѓе, ако гледаме по делата – не се добри. Тоа е толку едноставно. Ако некој има направено нешто лошо, а тоа го сторил од лоши намери, нема шанси повеќе да го оправдувам. Делата зборуваат повеќе од зборовите. Сега сум доволно стара само да кажам: “Мил мој, ти (за сега) не си добар човек!” –и продолжувам понатаму.