Потребно
- 2 големи тиквички, исечени на половинки
- ¼ чаша маслиново масло
- 6 чешниња лук, сецкан
- 1 кромид ситно
- 500 г ракчиња, се сечат на половина
- 1 голем домат, излупен и исечен на мали парчиња
- 8 парчиња печурки, исечени на четвртинки
- ¼ чаша свеж босилек
- Црн пипер
- Сол
- ¼ чаша рендан пармезан
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 230 степени.
- Намачкајте една тава со малку масло и оставете ја настрана.
- Исечете ги тиквичките на половини по должина. Извадете им ја срцевината. Намачкајте ги со маслиново масло. Ставете ги во садот врз послана кујнска хартија во него.
- Печете околу 5 до 10 минути, за да се ослободи дел од влагата во нив. Намалете ја рерната на 200 степени.
- На шпоретот загрејте 2 лажици маслиново масло во тава на средна температура.
- Пржете ги ракчињата, коцките домати, печурки, половина од пармезанот, босилек, лукот и кромидот.
- Измешајте добро, за да се карамелизира малку.
- Зачинете со зачини.
- Наполнете ја смесата во тиквичките. Посипете со уште малку пармезан.
- Печете во загреана рерна околу 20 минути додека фати коричка.