Погледнете ја добро оваа фотографија | Некои се убедени дека е една од најдобрите докази за постоењето на духови!

422

Постојат многу легенди за плантажата, тие велат дека се наоѓа над индијанските гробишта, а се вели дека најмалку 12 души на починати и денес живеат во неа.

Ако сте љубител на паранормални феномени, ви носиме вистинско уживање. Фотографија за која поединци велат дека докажува дека постојат духови. Снимена е на 8 август од семејството Lancon, кое тој ден ја посети познатата плантажа Myrtles лоцирана во St. Francisvilleu (Louisiana).

Оваа плантажа е позната како една од најпроколнатите места во Соединетите држави, можно е да ја посетите речиси во секое време како турист, а куќата е изградена од генералот David Bradford во 1796 година.

Плантажата Myrtles.

Постојат многу легенди што кружат за плантажата, тие велат дека се наоѓа над индијанските гробишта, а наводно дека и денес живеат во неа 12 души на починати. Приказната вели и дека во таа куќа биле извршени 10 убиства, а една од најпознатите станари во тој дом, а сега во улога на „чувар на подземјето“, дефинитивно е Kate Winter.

Портретот на Kate Winter и денеска стои во куќата. Починала на само три години од треска.

Семејството Lancon упорно ги фотографирала сите соби тој ден, со надеж дека ќе фатат некој паранормален момент, а по објавите на американските портали, се чини дека успеале.

Lancon фотографирал една од собите, лево од него стоел Glenn Lancon (со бела капа на главата), додека Jamie Lancon ѕиркала од зад вратата. Зад нив, од другата страна на собата се наоѓа водичот (голема капа во позадина), а ако на прв момент не можете да го забележите духот, тогаш погледнете над главата на Jamie.

Над неа се појави лик на девојче, а сега сите се убедени дека тоа е Kate Winter, пренесува порталот The Dawg.

Се разбира, во оваа приказна ни нема друга освен да веруваме во зборот на семејството и дека не се играла со последователна дигитална обработка на фотографијата, а како за љубопитност за крај ќе ви ги додадеме следните информации внесени во Википедија.

Вели дека авторите на емисијата „Нерешени мистерии“, снимиле извештај за плантажата во 2002 година, а водителот на таа емисија, Robert Stack, подоцна раскажал дека тимот се мачел со опремата во текот на целиот престој од необјасниви причини.