Луѓето обично го користат истото пластично шише со вода или сок, неколку пати, не знаејќи дека може да биде отровно. Сепак, некое пакување е наменето само за еднократна употреба!
На дното на секое пластично пакување има триаголник со број во средината, а подолу е ознака која ви кажува колку е опасна пластиката што ја држите во вашата рака. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, не треба да го користите повеќе од еднаш. Еве што значи ознаката.
Повеќето шишиња минерална и обична вода и газирани и негазирани пијалоци се означени со PET (често PETE) (број 1 во триаголник). Важно е да се знае дека тие се наменети само за една употреба.
Постои можност со секое ново полнење, тешкиот метал антимон, хемиското соединение EPA, да се испушта во водата, што го попречува дејството на хормоните. Таквите шишиња можат да ослободат и канцерогени материи.
ОВАА ПЛАСТИКА Е БЕЗБЕДНА
Ќе го препознаете по етикетите HDP (или HDPE), LDPE и PP или според броевите 2, 4 и 5. ЛД LDPE е вид на пластика која, за жал, претежно не се користи за правење шишиња, туку само вреќи за пакување храна. HDP е добар избор, како и PP, кој главно се користи за чаши со јогурт и има бела боја.
ИЗБЕГНЕТЕ ГО ОВА ПАКУВАЊЕ СЕКОГАШ
Тоа е пластика со ознаки PVC (понекогаш 3V), PS и PC (често без обележување) или со броеви во триаголник – 3, 6 и 7.
PVC ослободува две опасни хемикалии, кои ја попречуваат работата на хормоните во организмот. Како и да е, оваа пластика се користи за производство на шишиња.
PS ослободува во вода канцерогена супстанција – STIREN. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или за пакување на брза храна.
PC (или неозначен – број 7) е најлошата пластика за пакување храна, бидејќи ослободува опасна хемикалија BPA. За жал, се користи за пакување за бебиња, спортски шишиња и контејнери за подготовка на храна.