ИСТРАЖУВАЊА

Пофалете ги деца заради нивната чесност, дури и кога ќе признаат дека направиле беља!

By kukuriku

November 15, 2018

Објавено February 13, 2017. Прочитано 21732

Доколку по признанието се избегнат и казната и гневот на родителите, децата и следниот пат ќе бидат искрени и ќе имаат доверба во вас. Децата од четири години не се ни свесни дека не ја зборуваат вистината.

Иако децата од многу рана возраст знаат дека не е добро да се лаже, тоа сепак го прават. За да ја избегнат казната, го избираат полесниот начин.

И додека родителите се обидуваат да ги убедат секогаш да кажат она што ги мачи, научниците откриле дека децата почесто ќе кажат она што го направиле. Важно е да се истакне дека кај родителите треба да ја чувствуваат позитивната реакција по признанието.

– Родителите кои, во моментот кога нивното дете им признава дека нешто лошо направило, ќе останат смирени и ќе покажат одредена доза на задоволство со самото тоа дека детето им ја кажало вистината, на најдобар пат се децата и по втор пат да бидат искрени со нив – објаснува авторот на студијата, Крег Смит од американскиот универзитет во Мичиген.

Резултатот на ова истражување го потврдиле и резултатите од претходните истражувања, кои покажале дека пофалбата на искреноста го поттикнува детето да биде вистинољубиво и да продолжи да ја кажува вистината. Крег Смит со својата колешка Михаела Рицо од Универзитетот во Мериленд поканил група деца на возраст од четири до девет години да слушаат приказни за децата кои направиле некое зло.

Во секоја приказна беше измислен детски лик кој нешто згрешил, на пример ситна кражба, и тогаш ликот или лажел или ја признал грешката. По секоја приказна истражувачите ги испитувале децата што мислат за тоа како се чувствувале измислените ликови по признавањето – добро или лошо?

Продолжува на страна 2

Децата на возраст од 4 и 5 години позитивните чувства ги поврзувале со лажење и очекувале дека признавањето ќе доведе до лоши чувства. Постарите деца имале сосема спротивна реакција. Децата на возраст од 7 до 9 години, позитивните чувства ги поврзувале со признавањето.

– Овие разлики беа очекувани – објасни Крег Смит, бидејќи постарите деца типично размислуваат за ситуацијата на покомплексен начин отколку помладите деца, како што е разбирањето дека човекот може симултано да чувствува среќа што има слатки, но и вина што ги украл.

– За да го поттикнете детето во иднина да ја признае грешката ќе мора да заборавите за заканите и казните. Тоа значи дека родителите треба да се фокусираат на тоа да се обидат да не се налутат по признавањето – рече Смит.

Не знаат да лажат

Експертите се согласуваат дека децата до 4тата година не се способни да направат разлика помеѓу вистината и лагата. Лажењето е дел од растењето, така што предучилишните деца лажат заради развиена имагинација, помладите училишни деца за да ги задоволат возрасните, а оние постарите мислат дека така ќе го решат проблемот. Спречете го ова со соодветна реакција.

Бидете пример за нив

Децата учат од нас, па треба да се обидете да бидете добар пример за нив. Понекогаш несвесно ги учиме да лажат, кога им велиме на некој кој нѐ повикува на телефон да му кажат дека не сме тука, или ќе им напишете белешка за на училиште, кога за тоа нема потреба. Дури и малите и “бели” лаги на крајот се само тоа – лага.