Независно од полот, начинот на живот или пак личната тежина, стареењето на човекот започнува откако ќе наполни 39 години, објавија американските научници.
Тоа е лимитот од кој започнува постепеното распаѓање на когнитивните функции и различни нарушувања на локомоторниот апарат, сметаат тие.
Тие ги оправдуваат заклучоците со фактот дека по пристигнувањето на 39 – та година, во организмот почнува да се намалува производството на супстанцијата миелин која ја гради обвивката на нервните клетки, и ги заштитува од штетните влијанија.
Намалувањето на производството на миелин доведува до слабеење на моторните и когнитивните функции. Во поддршка на својата теза истражувачите спровеле и истражување со учество на волонтери на возраст 23-80 година.
Учесниците извршувале различни физички оптоварувања, а научниците ја споредувале брзината на спроведувањето на моторната активност по возрасни групи, како и со количеството миелин во организмот на волонтерите.
Така ги откриле и закономерноститедека врвотво производството на миелин во човечкиот организам настапува на 39-годишна возраст.
По неа започнува обратен процес и човек почнува да старее.