Властите во Турција издадоа налози за апсење на неколку лица одговорни за изградбата на зградите кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во понеделникот, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на турски медиуми.
Сопственикот на компанијата што ги изгради уништените згради во градот Адана, Hasan Alpargün, е приведен во саботата во Никозија, Кипар, објави турската државна новинска агенција Анадолу.
Обвинителите во градот Адана издадоа налози за апсење на 62 лица во врска со истрагата за зградите уништени од земјотресот со јачина од 7,8 степени.

Mehmet Yaşar Coşkun, за кој Анадолија вели дека е изведувач на блокот луксузни висококатници што се урна во провинцијата Хатај, исто така беше уапсен во саботата.
Coşkun бил уапсен од полицијата во петокот на аеродромот во Истанбул при обид да побегне во Црна Гора, наведува турската агенција.
Според извештајот, во саботата во Истанбул бил приведен и изведувачот İbrahim Mustafa Unjuoğlu, поради наводни неуспешни инспекции во врска со апартманите Бахар, кои се урнаа во епицентарот на земјотресот во Gaziantep, јавува Си-Ен-Ен.