IN MEMORIAM

Почина Тоде Новачевски

By kukuriku

February 11, 2022

По долго боледување во Мелбурн, Австралија, на 66 годишна возраст почина еден од најдобрите македонски поп композитори Тоде Новачевски.

Тој за сестринскиот дует Маријана и Росана го напиша нивниот најголем хит „Признавам“ која за првпат беше изведена 1989 година на „Макфест“.

Ова се песните кои се влезени во антологијата на македонската музика: „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.

Тоде ја пееше и насловната песна „Урде чавен“ во ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.

Роден во Битола, со децениско живеење во Мелбурн, а од бракот со Маријана имаа две деца.

Вечна ти слава! Почивај во мир.