IN MEMORIAM

Почина Станислав Длака

By kukuriku

January 30, 2021

Гитаристот и вокал на легендарната рок група „Бис Без“, Станислав Длака, синоќа ненадејно почина на 81-годишна возраст, објавија членови од семејството.

Легендарниот музичар и основоположник на македонскиот рокенрол ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.

Станислав Длака својот работен век го помина во МРТВ, а по професија беше директор на фотографија.

Тој заедно со Ламбе Смилевски (бас гитара), Константин Икономов-Коце, Димитар Чемков-Циме, Димитар Попанков и вокалот Стевче Јаневски-Чивчи во 1966 година ја оформи легендарната група „Биз Без“. Во бендот подоцна се приклучија и други членови.

Длака својата кариера ја започна во „АБЦД“, а беше член и на групата „Безимени“.

„Дал да плачам ил да пејам“, „Добро утро, ученичке“, „Било и поминало“ се хитовите кои и денес се слушаат.