На 50на возраст, почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски.
Тој немал никакви здравствени проблеми претходно. Како што кажуваат негови блиски пријатели, одеднаш му се слошило.
Со големо неверување и тага бројните соработници и пријатели упатуваат сочувство до семејството на Атанас.
На јавноста ѝ беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН.
Ковачевски претходно работеше во Канал 5 и во МРТВ.