По короната, доаѓа нешто полошо!

160

На својот блог, Бил Гејтс предупреди на опасностите од климатските промени, поради што човечките жртви и финансиските трошоци во иднина би можеле да бидат многу повисоки од оние предизвикани од коронавирусот.

Бил Гејтс со години предупредуваше за потенцијалната опасност од смртоносен вирус што може да однесе милиони животи и глобалната неподготвеност за пандемија.

Повеќето луѓе само „мавтаа со рацете“ на овие предупредувања, мислеа дека тоа е сценарио од апокалиптичен филм, но не и нешто што би можеле да го доживеат во реалниот живот. Ситуацијата со коронавирусот покажа дека Гејтс, за жал, бил во право, и додека некои ги слушаат неговите совети како да се бори против пандемијата, теоретичарите на заговор го гледаат како главен ум зад „лажната“ пандемија со цел присилно вакцинирање и чипирање на луѓе, пренесува „Дневник.хр“.

На својот блог оваа недела, Гејтс предупреди на уште една голема опасност што на крајот може да стане погубна и поопасна од коронавирусот. Ова е многу актуелна тема последниве години – климатските промени. Губењето животи и пропаста предизвикана денес од пандемијата во иднина може да биде предизвикана од климатските промени.

Гејтс дошол до тој заклучок врз основа на стапката на смртност од коронавирусот, што, како што напишал на својот блог, изнесува 14 лица на 100.000 луѓе. Поради порастот на температурата во текот на следните 40 години, се очекува истото зголемување на смртноста како кај короната. До крајот на векот, тие бројки ќе продолжат да се зголемуваат, па стапката на смртност од 14 треба да се зголеми на 73 лица на 100.000 луѓе. Но, ако се намалат емисиите на стакленички гасови, се очекува бројка на загинати од 10 лица на 100.000 луѓе. До 2060 година, климатските промени би можеле да станат смртоносни како и Ковид 19, а до 2100 година може да бидат пет пати посмртоносни, напиша Гејтс.

Економското влијание на климатските промени ќе биде како пандемија да се јавува еднаш на секои десет години, бидејќи трошоците направени како резултат на климатските промени и инвестициите за намалување на негативните ефекти од климатските промени, ќе бидат многу големи.