РЕЦЕПТИ

Пита со капини

By kukuriku

May 28, 2021

Потребно

За тестото

За филот

Состојки за премачкување

Подготовка

Измешајте ги сите состојки за тестото. Поделете го на две топки. Расукајте кора од едната топка, дебела околу половина сантиметар.Раширете ја во намачкана и набрашнета тави и соберете го вишокот тесто. Оставете во фрижидер за околу половина час да се излади.

Внимателно измешајте капини, шеќер, брашно, циметот, лимоновата кора и сок од лимон во голем сад. Измешајте добро и ставете ја смесата врз изладената кора. Другата кора расукајте ја внимателно.

Покријте ја суровата пита со втората кора. Намачкајте со матено јајце и млеко, кои претходно сте ги промешале добро. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.

Време за подготовка 1 час и 30 минути