Писмо од КОРОНАВИРУС до ЧОВЕШТВОТО – Darinka Montico | Видео

243

Запрете.
Едноставно застанете.
АЛТ, СТОП …
Не движете се.
Не веќе барање.
Обврска е.
Јас сум тука да ви помогнам.
На овој брз воз му снема шини.
ДОСТА – Авиони, возови, училишта, шопинг молови, средби …
Го разбивме бесниот вител на илузии и обврски.
Што ве спречи да гледате кон небото.
Да ги гледате sвездите.
Да го слушате морето.

Да слушате птичји пој.
Да се тркалате по ливадите.
Наберете јаболко од дрвото.
Насмејте му се на животното во шумата.
Да вдишете планина.
Да го слушате здравиот разум.
Моравме да го разбиеме тоа.
Не можете да се направите себе си бог.
Нашата заложба е взаемна.
Како што секогаш било и ако сте заборавиле.
Го прекинуваме преносот, бесконечниот какофоничен пренос на поделби и одвраќања.
Дозволете ми да ви ја донесам оваа вест.

НЕ СМЕ ДОБРО.
Никој од нас.
Сите страдаме.
Минатата година, пожарите што ги запалија белите дробови на Земјата не ве спречија.
Дури и глечерите кои се распаѓаат.
Ниту вашите градови што тонат.
Ниту, пак, свеста дека сте единствено одговорни за шестото масовно истребување.
Не ме слушавте.
Тешко е да се слуша кога сте толку зафатени.
Борејќи се да се искачи се повисоко и повисоко.
На скелето за удобности кои сте ги создале.
Темелите пропаѓаат.
Тие се наведнуваат под тежината на вашите измислени желби.
Јас ќе ви помогнам.
Ќе испратам огнени ветрови во вашите тела.
Ќе ги преплавам вашите бели дробови.
Ќе ве изолирам како поларна мечка на ледениот брег.
Ме слушате ли сега?

НЕ СМЕ ДОБРО
Не сум непријател.
Јас сум само гласник.
Јас сум сојузник.
Јас сум силата која ќе ја врати рамнотежата.
Сега мора да ме слушате.
Јас вриштам да ве спречам.

Darinka Montico

Вирусот како повод…Италијаниве направија видео за целото човештво…Сега треба да научиме…

Gepostet von Goce Stavreski am Freitag, 20. März 2020