Човечкото тело секогаш сугерира кога нешто е надвор од рамнотежа.
Со болка, промена на бојата на кожата, мирисот кој го емитува, состојбата на косата, ноктите, дали сме енергични или не и т.н. Можеме да разбереме кога е време да си обрнеме внимание или да побараме лекарска помош.
Кога дигестивниот систем не работи во рамнотежа или конзумираме премногу често нездрава храна, месо, првите болести или моментални болки кои се појавуваат се промена на вкусот, лош здив, непријатна телесна миризба.
Можеби сте забележале дека кога јадете јадења приготвени со мелено месо, кромид, многу зачини, другиот ден потта ви го променила мирисот. Тоа е сосема нормална реакција на организмот, која ни помага да ја селектираме и храната, кои се корисни за нашето здравје.
Денес го споделуваме со вас рецептот за зелено смути што не само ќе ви ги обезбеди потребните хранливи елементи, но ќе помогне да ја подобрите телесната миризба.
Потребно
- 2 јаболка
- 4-5 листови обично зелка или зелка кељ
- неколку страка магдонос
- сок од 1 лимон
- ½ лажичка свеж ѓумбир
Подготовка
Сите состојки се ставаат во блендер, а кон нив може да додадете неколку коцки мраз или мала количина на вода. Сокот се пие наутро на гладно или помеѓу оброците.