Педофил од радовишко заврши во полициска станица за намамување 12- годишно девојче преку Фејсбук да се соблече

260

Сексуален предатор од радовишко, преку интернет му пишувал пораки на 12- годишно девојче за кое мислел дека е од Хрватска. Зад профилот всушност не стои девојче туку група на луѓе кои што намамуваат педофили, односно ги разобличуваат.

Преписките завршија во македонската полиција, по што е известен обвинител. Преписките до кои што дојде „Слободен печат“, се објавени и на Фејсбук групата „Стоп за педофилијата” која што има за цел да се бори против педофилијата, на начин што ќе ги разобличува оние што пишуваат со цел да намамат малолетници во сексуални чинови и злоупотреби.

Според наши информации, станува збор за лицето Р.К од селото Љубница, општина Конче. Известен е јавен обвинител, извршен е разговор со него и одземен му е мобилен телефон со сим картичка.

Првата порака што ѝ ја пратил на жртвата била на 7 март годинава и гласела ,,дали си сама?”. Потоа разговорот продолжува со прашање колку години има девојчето, во што е облечено, дали има убави гради, разговори кои не престануваат дури ни откако девојчето му одговара на предаторот дека има само 12 години.

Потоа, за да се обезбеди материјален доказ, на Р.К му било кажано да стави прст на својата уста, слично како да испраќа бакнеж и да се фотографира, по што тој тоа го направил и ѝ ја испратил фотографијата на жртвата.

Потоа во разговорот лицето ја прашува малолетничката дали сака да се запознаат, ја наведува да се соблече гола остварил и видео врска преку камера. Но, зад профилот стоела група на луѓе кои што намамуваат и пријавуваат педофили на органите на прогонот.

Министерството за внатрешни работи заедно со обвинителството работи на расветлување на случајот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.