Ви треба спектакуларно мезе или интересен гарнир?
Ако сте љубители на печурките, значи дефинитивно треба да го пробате нашиот предлог за печурки со сирење Бри.
Добрата вест е дека ќе ви бара само 30 минути, за да го зготвите рецептот, а сигурно ќе се импресионирате не само себе, туку и сите кои ќе пробаат од вашето кулинарско дело.
Еве и кои се производите кои ви се потребни за да приготвите печурки со сирење Бри:
- Околу 20 мали печурки – миени и без стебла
- 4 чешниња лук – столчен
- 1/4 чаша листови магдонос – сецкани
- 4-5 стапчиња праз – сецкан (само до средината на темнозелениот дел)
- Чаша бело вино (опционално)
- Околу 200 грама (или повеќе по желба) сирење Бри
- Масло за готвење
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 170 степени. Се топи малку масло во голема тава. Потоа додадете ги печурките, па посипете ги со малку сол и гответе ги 1 минута.
- Извадете ги печурките од тавата и наредете ги во доволно голем сад превртени наопалу, со шуплината горе.
- Во истата тава, без да ја чистите, ставете лук, магдонос и праз. Посипете малку со сол и додадете го виното (ако го користите). Измешајте добро и гответе една минута, додека виното да испари. Тргнете ја тавата од топлина.
- Исечкајте сирење Бри на толку парчиња колку што се печурките. Ставете го сирењето со нежно притискање за да го “заглавите”. Посипете со смесата од лук-магдонос.
- Ставете ги печурките во рерна околу 15 минути или додека сирењето Бри се стопи. Добар апетит!
* Појаснување: Печурките се служат откако малку ќе се изладат.