Пацифичките острови Самоа и Кирибати први ја дочекаа новата 2020 година

232
Оукленд, Нов Зеланд.

Пацифичките острови Самоа и Кирибати беа првите места во светот кои ја дочекаа новата 2020 година. Ќе бидат потребни 26 часови за Новата година да пристигне во сите временски зони на земјата.

Во главниот град на островската држава Самоа, Апиа, како и во претходните години, така и 2020 беше дочекана со спектакуларен огномет. Сето беше проследено и со славје на улиците, како впрочем и насекаде во светот.

Насловната фотографија е направена во Оукленд, Нов Зеланд, и сведочи за еуфоријата на дочекот на Новата година. Оукленд кој е првиот голем град во кој дочекува 2020 година.

КАДЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НАЈУБАВИОТ ОГНОМЕТ ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ?

Монтреал

Облечете се топло, затоа што огнометот во пристаништето на Монтреал е големо уживање. Секако нема да се почувствувате осамени покрај 70 илјади луѓе кои секоја година уживаат во настанот секоја година. За да се загреете, можете да продолжите во некој од бројните клубови во канадската метропола.

Дубаи

Иако исламската Нова Година се слави дури на 20 август, во Дубаи ве очекува неверојатно уживање и во јануари. На плажа, во некој луксузен ризорт, или било каде во градот, загарантиран ви е добар поглед кон огнометите. Тоа е најголемото пиротехничко шоу во регионот, а се случува симултано на стотици локации во градот.

Рио де Жанеиро

Во Бразил за Нова година? Апсолутно! На Копакабана на полноќ е особено романтично: огнометите го осветлуваат морето, а луѓето фрлаат цвеќиња и палат свеќи. Забавите на плажите се во ритамот на самбата. Оние кои носат бела облека- како што прават Бразилците- ќе имаат среќа и мир целата година.

Берлин

Забавата станува класика за љубителите на новогодишните журки. Традиционално повеќе од еден милион луѓе се собираат пред Бранденбуршката порта на прославата. Долго откако ќе завршат огнометите забавата продолжува во безбројните клубови и дискотеки во градот.

Лондон

Традицијата не е за фрлање: Новата година започнува со звонот на Биг Бен, а потоа започнува огнометот на Темза. Оние кои сакаат најдобар поглед на спектаклот треба да се упатат кон Лондонското око, најголемото панорамско тркало во Европа. Но внимавајте, многу тешко се доаѓа до карти.

Прага

Огнометот кој се лансира од околните ридови ги осветлува златните кровови на чешкиот главен град. Адетот кај Чесите е да се пресече јаболко на половина- доколку семките формираат ѕвезда- годината ќе биде добра. Но доколку ви се прикаже крст, подобро пресечете уште едно јаболко.

Мадрид

На Пуерта дел Сол, главниот плоштад во историскиот центар, секогаш има голема забава. Покрај пенливо вино, донесете си и грозје на забавата. Обичајот во Шпанија е да се јаде по едно зрно за секој удар на камбаната на полноќ. Паровите можат и меѓусебно да се хранат. Тоа носи среќа во новата година.

Женева

Доколку се одлучите да си го проветрите паричникот малку повеќе, швајцарскиот град ви нуди прекрасен поглед на огнометот со чаша шампањ од некој брод на Женевското езеро. Опкружувањето е многу романтично затоа што бреговите се осветлени со уметнички инсталации.

DW.COM