Паника во Италија | Еруптира еден од најактивните вулкани во светот (ВИДЕО)

113

Избувнувањето на вулканот Стромболи во Италија предизвика серија пожари, од кои туристите бараа засолниште во морето, додека еден загинал од одронот камења за време на прошетка.

На една од омилените туристички атракции во јужна Италија, островот Стромболи, дошло до вулканска ерупција. Туристите за време на ерупцијата бегале кон во морето, додека еден турист починал кога еден куп камења паднале врз него, а другиот бил повреден од серија пожари предизвикани од ерупцијата, јавува Ројтерс.

Ненадејната експлозија на медитеранскиот остров ги исплаши туристите, кои виделе како вулканот исфрла вжештени камења (лапили) и лава, објави италијанската агенција Анса.

Италија има три главни вулкани: Етна на Сицилија, Везув во близина на Неапол и Стромболи (на истоимениот остров), кој се смета за еден од најактивните вулкани во светот.

Островот Стромболи се наоѓа во Тирејското Море, северно од Сицилија. Островот има околу 500 жители и е една од омилените вулкански туристички дестинации и локации каде богатите и славните личности ги градат своите “викендички”.