Падна теоријата со пазарот во Вухан | Коронавирусот бил прилагоден да се пренесува од човек на човек

733

Новото истражување дополнително ги подгреа сомнежите дека Пекинг очајно настојува да го прикрие вистинскиот извор на епидемијата.

Новата контроверзна научна студија ги доведува во прашање кинеските тврдења дека пандемијата од коронавирусот потекнува од пазарот во Вухан на кој се продаваат морски плодови, но и други животни за исхрана.

Анализата на сите достапни податоци кои ги објави биолозите јасно покажуваат дека смртоносниот вирус Sars-Cov-2 стигнал на пазарот така што го донел некој кој бил веќе заразен, а на големо изненадување на научниците, вирусот „веќе бил прилагоден да се пренесува на човек“, што е многу ретка карактеристика.

Новото истражување дополнително ги подгреа сомнежите дека Пекинг очајно настојува да го прикрие вистинскиот извор на епидемијата, која предизвика смрт на 100.000 лица и тешка глобална економска криза.

Студијата ја направија Алина Чан и Бен Деверман од Институтот „Брод“, огранок на Универзитетот Харвард и Технолошкиот Институт Масачусетс, како и Шинг Џан од Универзитетот Британска Колумбија од Канада.

Тие велат дека ова истражување недвосмислено наведува на заклучок дека вирусот потекнува надвор од пазарот во Вухан.

Според нивните зборови, „генетските податоци достапни во јавноста не укажуваат на пренесување на вирусот меѓу видовите на пазарот“. Тие бараат да се испитаат сите можно патишта за пренос на вирусот од животни на човек, склучувајќи ги тврдењата дека вирусот потекнува од лабораторија.

– Треба да се испита можноста дека генетски неизменет прекурсор се прилагодил на луѓето додека го проучувале во лабораторија, се наведува во студијата.

Студијата е објавена во моментот кога се се посилни притисоците на Кина да го открие вистинскиот извор на епидемијата, за експертите да можат реално да се запознаат со болеста и да можат да развијат вакцина, и да спречат избивање на нова епидемија.

Според официјалната кинеска теорија, вирусот потекнува од пазарот во Вухан на кој се продаваат и диви животни, а таа теорија ја поддржа и СЗО.