Оживеани шест зомби вируси замрзнати илјадници години, дали ќе станат закана за човештвото ? „И по толку време, сè уште се заразни“

900

Научниците откриле шест зомби вируси кои биле замрзнати илјадници години. Ризикот од смртоносни патогени ќе се зголеми како што се забрзува топењето на вечниот мраз.

Меѓународен тим на истражувачи од различни институции во Русија, Германија и Франција предупредуваат дека ризикот од вирусот е потценет.

Исто така, научниците предупредуваат дека опасноста ќе се зголеми поради глобалното затоплување кое го забрзува топењето на вечниот мраз, ослободувајќи некои болести кои се заробени во мразот уште од праисторијата.

Тим од научници кои ги следеле овие вируси речиси една деценија ги објавиле своите наоди минатиот февруари. Како што наведуваат, пронашле шест долго замрзнати микроби во мразот кој брзо се топи, пишува Daily Mail.

1. Грип

Во доцните 1990-ти, шведскиот патолог Johan V. Hultin пронашол скриена РНК на вирусот на грип од 1918 година во белите дробови на жена која била убиена од вирусот речиси 80 години порано. Неговото откритие било ран показател за тоа колку лесно смртоносните вируси можат да се зачуваат во вечниот мраз на Арктикот.

Благодарение на вечниот мраз, доволно РНК од вирусот бил толку добро зачувано што истражувачите биле во можност да го секвенционираат целиот геном на сојот во 1918 година.

2. Pithovirus sibericum

Pithovirus sibericum

За прв пат беше изваден од сибирскиот вечен мраз во 2014 година, се наоѓа на 30 метри под земја. Античкиот вирус Pithovirus sibericum е еден од ретките вируси видлив под обичен, средношколски, светлосен микроскоп.

На околу 1,5 микрометри, P. sibericum е околу седум пати поголем од современиот вирус кој може да зарази луѓе. Современите вируси обично се движат од 20-200 нанометри.

Ова е првпат да видиме вирус кој се уште е заразен по толку долго време, изјави микробиологот Jean-Michel Claverie. Влегува во клетката, се репродуцира и на крајот ја убива клетката. Може да убие амеба – но нема да зарази човечка клетка, додаде соработничката. Но, самиот факт дека овој вирус може целосно да заживее е лош знак.

3. Mollivirus sibericum

ДНК означена со Mollivirus EdU визуелизирана во инфицирана Acanthamoeba castellanii. (А) Ран трансфер на означената вирусна ДНК во клеточната цитоплазма. (Б) Вирусна ДНК по миграцијата до клеточното јадро. (В) Обележаната ДНК се чини дека дифузира во клеточното јадро. Вирусната ДНК е сигнализирана со црна стрелка, а клеточното јадро се идентификува со „N“. (Scale bar: 5 µm.)

Малку помал од P. sibericum, M. sibericum е уште еден џиновски вирус кој не претставува закана за луѓето или животните – но неговата близина до P. sibericum ги загрижи научниците дека вечниот мраз е преполн со живи патогени.

4. Pandoravirus mammoth i Megavirus mammoth

Pandoravirus mammoth

Pandoravirus mammoth и Megavirusmammoth се откриени во грутка мраз стара 27.000 години замрзната во крзно од мамут на бреговите на реката Јана во Русија. Како и минатите антички гигантски вируси, P. mammoth и M. mammoth се покажа дека ги убиваат амебите.

Истражувачите ги избраа амебите како нивни примероци за тестирање бидејќи овие едноклеточни организми се доволно блиску до човечки и животински еукариотски клетки за да бидат информативни, но не доволно блиску за да ризикуваат да создадат нова пандемија.

Иако и двата вируса, за среќа, не се во можност да ги заразат овие човечки и глувчешки клетки, истражувачите сметаат дека сè уште не е време за опуштање.

5. Pacmanvirus lupus

Pacmanvirus lupus

Античкиот братучед на вирусот на африканската свинска чума, Pacmanvirus lupus, е пронајден како се одмрзнува од 27.000 години старите црева на замрзнат сибирски волк. Остатоците од овој сибирски волк се пронајдени на истото место во коритото на реката Јана како и двата претходни вируси.

Како и остатокот од овие големи антички вируси, P. lupus сè уште може да оживее и да убие амеби, иако не бил заразен уште од мезолитот или средното камено доба.

6. Сипаници

За сипаниците не треба вовед. Тешката болест официјално е искоренета на глобално ниво, според Светската здравствена организација на Обединетите нации, во 1980 година. Но, научниците пронашле сипаници во 300-годишна сибирска мумија замрзната во тундрата на руската република Sakha.

Мумијата потекнува од масовни гробници направени за време на епидемиите на сипаници од крајот на 17 и почетокот на 18 век во североисточниот сибирски регион. Секој од археолошките локалитети се состоел од замрзнати дрвени гробови закопани во вечниот мраз, но необичниот гроб од сипаници бил исполнет со пет замрзнати мумии.

Сето ова истражување не значи дека вирусите можат сами да оживеат, но тие предупредуваат на опасностите од глобалното затоплување, кое продолжува да ги топи пејзажите во региони како Сибир и Алјаска.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.