Потребно
- 500гр бисквити (најдобро вики)
- 2 пудинга од ванила
- овошје: јагоди, малини, капини
- 2 ванилин шеќер
- 550гр шеќер
- 750мл вода
Подготовка
- Водата и шеќерот се ставаат да вријат како шербет настрана
- овошјето ако е свежо се пасира малку ако е смрзнато не мора
- пудинзите се разредуваат со водата и шеќерот (како што се прави пудинг)
- бисквитите се кршат на поголеми парчиња во тава што ќе стои тортата ( најдобро е правоаголна
- Кога ќе зоврие шербетот се додаваат овошјата и се остава пак да зоврие малку околу 10 мин па потоа се додава пудингот и се меша убаво ,добиениот фил се истура врз бесквитите и се меша добро за да има насекаде околу бисквитите се израмнува одозгора и се остава да се олади ,за поубав изглед одозгора се става шлаг или хопла а летен период и сладолед